ЕП во ракомет: Македонија – Германија 25:25, најефикасни Манасков и Лазаров
Ракометарите на Македонија во исклучително резултатски непредвидлив меч против големата ракомента сила Германија одиграа нерешено, 25:25.
Со три бода одат во втората фаза од Европското првенство. Нашите ракометари како први во групата се селат во Вараждин.
Во македонската репрезентација најефикасни беа Кире Лазаров и Дејан Манасков со по 5 постигнати погодици.
Македонските репрезентативци одлично го започнаа натпреварот, играјќи во нападот со 7 наспрема 6 играчи на противникот.
Оваа тактика на тренерот Гонзалес вроди со плод и нашите ракометари успеаја во првите 15 минути од натпреварот да имаат неколку гола предност.
Потоа Германците се вратија во мечот и таквиот нивен напор ги доведе до три гола предност, но сепак на полувремето двете репрезентациите заминаа со резултат 12:11
Второто полувреме беше многу понеизвесно, цело време се играше цврсто и машки.
Десетина секунди пред завршувањето на натпреварот Македонија во свои раце ја имаше победата, но ударот на Стојанче Стоилов беше одбранет од страна на германскиот голман.