Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Veleska pastrmalijasport fin

Годинава на вториот ден од „Фестивалот на пита и вино“, сабота 20 октомври, ќе се реализираат три придружни спортски активности, финансиски помогнати од Општина Велес. Петата велосипедска тура со учество на 400 велосипедисти од Македонија стартот ќе го има 10 часот од плоштад „Сармаале“ исто како и целта на која велосипедистите ќе стигнат по поминати 48 километри. За трката општината финансиски го помогнала ЗГ „Велес бајкинг“. 

Во исто време на патеката по стариот пат кон Скопје ,над велешко „Езеро Младост“, ќе се одржи четвртата Ендуро мото трка од Државниот шампионат на Македонија во организација на Мотоциклистичката федерација на Македонија , Мото клубот „Мото Велес“ и Општина Велес. На неа ќе учествуваат 50 моторциклисти, натпреварувачи од Македонија, Косово, Србија, Грција и Бугарија.

-По пауза од четири години оваа атрактивна трка повторно се враќа во Велес. Општина Велес обезбеди финансиска поддршка во висина од 40 илјади денари како и техничка поддршка, човечки ресурси за организација на настанот и подготовка на теренот на кој за жал има исфрлано многу градежен шут, рече Градоначалникот Коцевски.

Четврта Ендуро трка, последна од државниот шампионат во Ендуро за 2018 година, истовремено се одржува и со Ендуро трката Велес - Оффроуд за аматерските ендуро возачи без лиценца кои ќе возат на истата патека со мали измени. Вака се излегува во пресрет на се поголемиот број на почетници-љубители на овој спорт. Трката се бодува за државниот шампионат во Ендуро и ќе се вози во пет класи : E1 , E2 , E3, Јуниор и Ветеран.

Во 13 часот на помошното фудбалско игралиште во Градски парк ќе се одржи „ Турнир во борење на пеливани“ организирана од Општина Велес, Федерација на пеливанско борење на Македонија и велешкиот Пеливански клуб „Пеливан“ на која ќе учествуваат 30 Пеливани од Македонија а можеби и од странство.

-За првпат наместо во Бузалково овој турнир ќе се организира во Велес затоа што таму проценивме дека нема добри услови за да донесеме врвни Пеливани. Се очекува турнирот да биде од меѓународен карактер. Општина Велес обезбеди поддршка во висина од 80 илјади денари исто колку и Федерацијата на пеливанско борење, додаде Коцевски.

Општина Велес како организатор на традиционалната манифестација „Фестивал на пити и вино“ очекува дека и спортските активности ќе бидат предизвик за голем број на вљубеници во нив кои исто така ќе бидат гости и на 14тата велешка Питијада./У.Ј

Поврзани вести

E baner

web banner 300x250 Sinalco Duma

banerknigovodstvo

Најново