Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

RealMadrid1 fin

Вториот фудбалски камп на Реал Мадрид Фондација ќе се реализира од 14 до 18 јануари 2019 во Охрид, на брегот на живописното Охридско езеро, ставајќи ја нашата држава на мапата на земји во кои што ќе се едуцираат фудбалери на возраст од 7-17 години. Кампот на Реал Мадрид Фондација може да биде вистинското место кое ќе им го трасира патот до фудбалските височинина на сите момчиња и девојчиња кои ќе бидат дел од истиот.

Во интервал од пет дена специјално обучени тренери за млади категории од Шпанија, ќе го пренесат своето знаење и ќе бидат дел од мозаикот на кампот. Според програмата и правилата на Фондацијата на кралскиот клуб сите членови на кампот мора да имаат максимални услови, опрема и стручна помош за сопствено усовршување.

Сето она што ја комплетира личноста на фудбалерот , во делот на спортот, едукативни предавања на теми кои се реална потреба за здрави спортисти, спортски бон-тон, дружење и многу забава.

RealMadrid 2fin

Фудбалот се учи на терен, но теоријата ја засилува комплетната личност на фудбалерот. Затоа на кампот во јануари тренерите од Шпанија ќе имаат едукативни предавања за 5 суштински точки: респект, иницијатива, почит, самоконтрола и тимска работа.

Кампот како проект е планиран да биде своевидна база за селекција на млади играчи, на кои им е потребна надградба во секоја смисла на зборот.
Комплетната понуда на вториот фудбалски камп Real Madrid Foundation Campus Experience Macedonia се состои во може да се најде на следниот линк https://bit.ly/2Bb2KnS

Лиценцираниот партнер на Реал Мадрид Фондација во Македонија "Спорт Арена" првиот камп го направи во јуни оваа година во Скопје.На него поминаа 100-тина учесници, голем дел од Македонија но и учесници надвор од границите на татковината. Насмевката на нивните лица и задовоството кај нивините родители се најголема награда за добро завршената работа. На вториот камп организаторскиот дел е доверен на КМГ Спорт Агенција.

RealMadrid3 fin

Компанијата "Кожувчанка" својата општествена одговорност и грижата за здрав развој на најмладите ја потврдува со повторното партнерсво и на вториот камп на " мадридистите"

Пријавувањето, за да бидете дел од големото семејство на кралските "бели" е во тек. Истото може да се направи на следниот линк https://bit.ly/2K9FvxA .
Фудбалската приказна на кралскиот светски гигант во Македонија продолжува во јануари.

Поврзани вести

web banner 300x250 Sinalco Duma

banerknigovodstvo

Најново

 
   
   
   
   

Швајцарската мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала РОНТИС, заради зголемување на својот постоечки капацитет во фабриката во Велес, има потреба да вработи:

20 (дваесет) Оператори во производство

 

Кандидатите треба да ги поседуваат следните квалификации:

  • ССС
  • Со или без работно искуство

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес ги охрабрува сите заинтересирани кандидати  да аплицираат, без разлика на нивната полова, верска или национална припадност.

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со фотографија на infomk@rontis.com  или на адреса:                                  

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ   с. Долно Оризари бб, Велес 1400 (со назнака за Оператор ), најдоцна до 10/09/2019 година.