Градскиот фудбалски стадион во Велес го носи името на фудбалската легенда „Зоран Паунов“
Одлуката едногласно ја донесе Советот на Општина Велес, на последната седница. Советниците одлучија во годината во која се одбележува деценија од смртта на прерано починатиот голман на ФК „Борец“, Зоран Паунов. Тој е спортска велешка легенда на која особено се сеќаваат вљубениците во фудбалот во градот како и навивачите на клубот.
– Одлучивме за прв пат во Велес, на најстариот спортски објект, да да му дадеме име на современик, заслужен за големите успеси на градскиот фудбал и промотор на градот како и на својот клуб Борец во државата. Градски стадион заслужува да го носи името на Зоран Паунов – рече советникот Ненад Коциќ.
Велешката спортска легенда – Зоран Паунов
Градскиот стадион „Зоран Паунов“ во Велес е само еден од спортските објекти во Велес, лоцирани во центарот на градот, до градскиот парк. Стадионот располага со 2.300 седишта и теренот е послан со вештачка трева. /У.Ј