Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

6Veleskiplivackimaraton fin

Со натпревар во три категории, на 2,5 км на 5 км и 10 км во машка и женска конкуренција, во недела на 15 септември, по шести пат, во водите на „Езеро Младост“ ќе се одржи шестиот Пливачки маратон, годинава, посветен на прерано починатиот д-р Милчо Трајков поддржувач на спортската манифестација. Иако пријавувањето на пливачите е во тек , до вчера, четврток 12 септември, пријавени се вкупно 40 пливачи во професионалниот дел кои ќе влезат и во конкуренција за македонскиот Куп во далечинско пливање како и 30 пливачи за рекреативниот пливачки маратон. 

 

Меѓу пријавените се најдобрите македонски пливачи.

6Veleskiplivackimaraton ILE1 fin

-Меѓу нив е и Евгениј Поп Ацев, прв на ранг листата на Ултрамаратони на Светската пливачка федерација. Врховни судии на маратонот ќе бидат Васил Велков за машката трка и Андријана Прокопиева од Бугарија за женската трка, рече Илија Попов претседател на ЗГ за спорт и рекреација „Клуб 28“ од Велес, рече Илија Попов претседател на ЗГ за спорт и рекреација „Клуб 28“ од Велес.

Рекреативнот пливачки маратон, во недела, ќе стартува во 10 часот и два часа подоцна професионалниот пливачки маратон како финале на Македонскиот куп во далечинско пливање. Стартот и целта се во дворот на мотел „На велешко езеро“.

За Општина Велес Меѓународниот спортски настан е значајна манифестација.

6Veleskiplivackimaraton KOCEVSKI fin

- За прв пат е меѓународен бидејќи покрај пливачите од нашата земја ќе настапат пливачи и од Бугарија, Србија, Косово и Турција, рече Аце Коцевски градоначалник на Велес.

Организацијата на маратонот е на многу високо ниво, оцени , Горан Стојановски член на Управниот одбор на Националната пливачка федерација која заедно со ЗГ за спорт и рекреација „Клуб 28“ од Велес се организатори. Општина Велес е покровител.

6Veleskiplivackimaraton STEFANOVSKI1 fin

- На овој маратон ќе учествуваат сите најдобри македонски пливачи меѓу кои и Евгени Поп Ацев, победник во светската серија на Ултра маратони, што заврши пред некој ден. Би сакал да нагласам дека во организацијата добивме огромна поддршка од градоначалникот на Општина Велес и ЗГ за спорт и рекреација „Клуб 28“ од Велес. Досега сторивме се да ги обезбедиме основните, најдобри услови за одржување на маратонот. Обезбеден е и наградниот фонд за најдобрите поточно за прво, второ и трето место во трите категории на пливање, во машка и во женска конкуренција на Велешкиот пливачки маратон, рече Стојановски.

Живата легенда на македонскиот пливачки спорт Томи Стефановски, еден од најголемите спортисти што Македонија воопшто ги имала досега ,спортски првак во маратонско пливање во 2016 година и еден од тројцата Македонци кои успеаа да го препливаат „Ла Манш“ поточно во 2009 година и воедно единствен македонски спортист примен во „Куќата на славните“ е сигурен дека Велешкиот маратон ќе стане препознатлив дома како и надвор од границите на Македонија.

6Veleskiplivackimaraton TOMI fin

-Безрезервно би се вложил бидејќи кога гледам ваква атмосвера и поддршка, реткост денеска во Македонија, мислам дека сите заедно би требало да ги дадеме своите знаења и своите сили за што би се гордееле по пет или десет години. Кога ќе дојдеме до 10-тиот јубилеен маратон заедно со градоначалникот да направиме програма која ќе овозможи да видиме и учесник од Велес во професионалниот дел на маратонот, рече Стефановски.

Годинава маратонот ќе го обезбедуваат 30 спасители на велешкиот и на Републичкиот Црвен Крст како и еден тим нивни колеги од Република Бугарија заедно со  20 кајакари од велешките кајакарски клубови.

Општината купи реквизит што ќе биде поставен за да ги означува стартот и целта на трките. 

Покровителот и организаторите упатија покана до сите Велешани и граѓани во државата, љубители на оваа спортска дисциплина, да дојдат во недела , на 15 септември, на мотел „На велешко езеро“ за да го проследат настанот./У.Ј

Поврзани вести

E baner

web banner 300x250 Sinalco Duma

banerknigovodstvo

Швајцарската мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала РОНТИС, заради зголемување на својот постоечки капацитет во фабриката во Велес, има потреба да вработи:

10 (десет) Оператори во производство

Кандидатите треба да ги поседуваат следните квалификации:

  • ССС
  • Со или без работно искуство

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес ги охрабрува сите заинтересирани кандидати  да аплицираат, без разлика на нивната полова, верска или национална припадност.

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со фотографија на hrmk@rontis.com  или на адреса:

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ   с. Долно Оризари бб, Велес 1400 (со назнака за Оператор ), најдоцна до 30/11/2019 година.

Швајцарска мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала заради зголемување на својот постоечки капацитет има потреба да вработи:

Техничар  во оддел за  одржување

Кандидатите треба да ги исполнуваат следните услови:

  • ССС (Електро- техничар,  Машински техничар и др. сродни занимања)
  • Познавање на англиски јазик
  • Познавање на работа со компјутери
  • Со или без работно искуство ( предност имаат кандидати со работно искуство со машини )

Локација : Република Македонија - Велес

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со слика на  hrmk@rontis.com  или на адреса: ДПТ РОНТИС  ДООЕЛ Велес  с. Долно Оризари бб, Велес 1400  задолжително со назнака за Техничар, најдоцна до 30/11/2019 година .