Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Maratonnaslovna fin

12.09.2020

Маратонците во пливање на скопскиот пливачки клуб „Нептун“ годинава се апсолутни победници на велешкиот пливачки маратон на езеро „Младост“. Александар Илиевски во машка и Јана Костандиновска во женската трка. Од многубројната публика на езерскотиот брег тие заслужено ги собраа апаузите и овациите како за победата така и за постигнатото време.

Maraton1

Pobednici2020

На Илиевски денешната победа му е прва годинава. Велејќи дека маратоните кои се бодуваат за Македонскиот куп во далечинско пливање тој му ги посветува на неговиот прерано починат спонзор, Славе Андев, Илиевски изрази надеж дека токму Андев и денеска го гледа одозгора, од небото, и дека му е драго како и нему за победата.

Maratonpobednikmazi

-Денешната трка беше поразлична од минатите години. Се пливаше во еден правец со враќање назад. Убаво беше одбележана патеката. Им честитам на организаторите на овој маратон. Секоја година кога доаѓам тука сум среќен затоа што се одржува голема традиција со убави услови и пријатно пливање во езерото. Се надевам дека ќе продолжи традицијата и во наредните години, додаде Илиевки.

Plivacivovoda

Во сите седум години на велешкиот пливачки маратон пливачката Јана Костандиновска од ПК „Нептун“ е победник во женската трка.

Jana fin

-На езеро Младост условите за пливање се најдобри и многу ми се допаѓаат. Среќна сум и задоволна што победив затоа што во изминатиот период напорно тренирав, додаде Костандиновска.

Kajakariodvoda

Македонската пливачка легенда Томи Стефановски седма година е дел од организацијата на маратонот. Како претставник на Националната Пливачка федерација тој направи анализа на маратонот од почетоците до денеска и оцени дека може да се каже дека поседува светски стандарди.

Tomi fin

-Условите на езеро Младост овозможуваат да се подготват маратони на уште повисоко ниво и стандарди. Поради короната на децата им направивме трки за да не биде напразно тренирањето и го гледаме резултатот. Сите напорно работиме, ние освен со децата и на организацијата на маратоните. Годинава требаше маратонот да биде меѓународен но не спречи ситуацијата со коронавирусот. Сепак ентузијазмот и велешката екипа која работи на организација на маратонот ми дава право да бидам голем оптимист. Да ги искористиме моите и контактите на сите за да направиме велешкиот да биде маратон на картата на светското пливање, додаде Стефановски.

Општина Велес исто така организациски и финансиски го поддржува маратонот.

MaratonKocevski

-За жал, поради Ковид 19, во последен момент учеството го откажаа најавените пливачи од Република Бугарија. Сепак се помина во најдобар ред. Задоволни сме од бројот на учесниците како и од се поголемиот број, од година во година. Имаме прекрасна соработка со Националната пливачка федерација како и со ЗГ „Клуб 28“ од Велес е организатор на спортската манифестација. Со претставниците на Националната пливачка федерација во тек се договори за формирање на пливачки клуб и во Велес. Се надевам дека во блиска иднина кога условите ќе дозвлат ќе ја реализираме таа идеа. На почеток велешките пливачи да патуваат на тренинзи во Скопје а потоа, кога ќе се создадат услови тоа да се случува во нашиот град, додаде градоначалникот Коцевски.

Традиционална поддршка пливачкиот маратон на езеро „Младост“ има од Црвен Крст Велес и КК „Бабуна“. Годинава е поддржан и од Ротари клуб „Велес“ како и од повеќе помали фирми во Велес./У.Ј

 

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

 
   
   
   
   

Најново