Мото клуб „Мото Велес“ ,втора година по ред, најтрофеен клуб во државата
07.03.2021
Голем успех на Мото клуб „Мото Велес“ кој е најтрофеен клуб во 2020 година додека Драган Ванов е шампион во најконкурентната Е1 класа. Ванов е добитник на наградата „Златна кацига“ поради освоените три шампионски титули во континуитет.
Неговиот колега Синиша Николовски, иако е од Кичево, се натпреварува за велешкиот клуб, е прогласен за државен шампион во Е2 класа, Елвие Мемети од велешкото село Сливник е третопласиран во Е1 класа и Даниел Јаневски е прогласен за вицешампион во мотокрос класа МX, кој е роден во Куманово, се натпреварува за велешкиот клуб и претендира на титула годинава.
Манифестацијата за прогласување на шампиони во мотоспорт во 2020 година се одржа вчера.
Клубот „Мото Велес“ постојано има шампиони и одлични возачи од други градови во Македонија како и од странство. До пред три години за овој клуб се натпреваруваа тројца моторциклисти од Грција. Но, клубот го очекува тешка сезона поради големата конкуренција од една и од друга страна немањето на спонзори.
Досега возачите се самофинансираат но неиизвесно е до кога тоа ќе можат да го прават.
Убавка Јаневска