20.01.2021
Нема ниту еден претставник на ФК „Борец“ помеѓу четворицата избрани делегати што ќе ги претставуваат интересите на велешките фудбалски клубови, во Фудбалската федерација на Македонија.
Македонската ракометна репрезентација сепак ќе учествува на Светското првенство во Египет кое стартува денес. Нашиот најдобар национален состав ќе оди на местото на Чешка.
27.11.2020
Во Велес, вчера, на 78 годишна возраст почина Мите Карагиров, професор по физичко воспитување во пензија. Професор Карагиров беше педагог, наставник , класен раководител на десеттици генерации ученици во поранешното основно училиште „Трајко Андреев“ во Велес што образуваше и воспитуваше, препознаваше таленти и од нив создаваше екипи со кој освојуваше први, втори и трети места како на општинските така и на државните спортски училишни натпревари.
13.11.2020
Историски пласман на македонската фудбалска репрезентација на ЕП идната година, откако нашите фудбалски јунаци ја совладаа репрезентацијата на Грузија. Со асистенија на Елмас и Несторовски, а со гол на капитенот Горан Пандев во ’56 минута македонскиот фудбал испиша историја. Македонија за првпат од својата независност се пласира на ова големо фудбалско натпреварување, кое ќе се одигра во Букурешт идната година.
12.11.2020
Денеска од 18.00 часот на „Динамо Арената“ во Тбилиси ќе се игра натпреварот од УЕФА Лигата на нации за пласман на наредното ЕП, битката помеѓу Грузија и Македонија.
Нашите фудбалери вечерва ќе се борат за победа која ќе ни значи прв историски настап на континенталните собири во сениорска конкуренција. Од УЕФА преку видео најавија дека вечерва изборот е Македонија или Грузија.
Им посакуваме успех на нашите фудбалски репрезентативци на вечерашниот натпревар, веруваме дека гордо, достонствено во вистинско светло ќе ја претстават својата држава, а Македонија конечно ќе има причина за славење !
Мите Јаначков
10.09.2020
Како финална трка во националниот куп во далечинско пливање, традиционалниот пливачки маратон на езерото Младост ќе се одржи во сабота на 12 септември 2020 година .Тој е седми по ред и негов домаќин е Општина Велес.