Ново засилување на ГРК „Борец“ од Велес
Ракометарите Ивица Илиев и Миле Ордев се новото засилување на Градскиот ракометен клчуб „Борец“ од Велес. По неколку годишно отсуство во матичниот клуб се вратија на позициите лев и централен бек.
„Екипата на Борец добро ја познаваме, со некои од играчите имаме играно со некои не. Се надеваме дека екипата добро ќе не прифати а исто така и тренерот и управата. Ние ќе го дадеме својот максимум да избориме што подобар пласман годинава“, рече Ордев.
„Чест и задоволство ми е што се вративме во матичниот клуб. Тука ги почнавме нашите кариери, тука почнавме да тренираме. Од различни причини клубот не беше на завидно ниво па моравме да отидеме настрана да играме. Ова е уште една обврска плус бидејќи сме од овој град и се надевам ќе се прикажеме во најдобро светло“, рече Илиев.
Од управата на клубот велат дека новите ракометари ќе донесат уште поголеми резултати за градскиот ракометен клуб „Борец“.
„Можам да потврдам дека во тригодишното постоење на клубот се што беше ветено од управата е остварено. Ќе биде така и понатаму и се надевам дека со новите играчи ќе имаме разбирање и големи успеси“, рече Горан Ристов, ГРК Борец.
Двајцата нови играчи денеска беа на прием кај градоначалникот Чадиев кој смета дека новото засилување на клубот ќе придонесе за опстојување во супер лигата./Д.С