Формиран Градски одбојкарски клуб „Борец“ во Велес
Градски одбојкарски клуб Борец е формиран во Велес. Процедурата е веќе завршена а зад него со финансиска поддршка ќе стои општина Велес. Според градоначалникот Славчо Чадиев најпрво ќе се работи на тоа клубот да застане на здрави нозе, а потоа да се развива и да реди успеси. Тој не ја исклучува можноста клубот да биде еден од најдобрите во домашното првенство и за три до четири сезони да освои еден од трофеите во шампионатот.
„Согласно законите на Одбојкарската федерација на Македонија регистрирано е здружение на граѓани кое го формираше новиот клуб. На првата седница на Советот на општина Велес ќе се направат промени во програмата за поддршка на спортските клубови и ГОК Борец ќе гобие одредена сума на средства со кој ќе се започне есенската полусезона. За неколку години ќе бидеме помеѓу трите најдобри екипи во државата„вели Славчо Чадиев градоначалник на општина Велес.
Во ГОК Борец треба да се спои младоста и искуството на неколкумина повратници во матичниот клуб. По неколкугодишна пауза конечно ќе се формира сениорска екипа, составена од одбојкари од Велес. Претставниците на клубот се задоволни и најавија дека од есен клубот ќе настапува во првата лига на Македонија.
„Задоволни сме од оваа одлука. Ова поднебје има добри одбојкари и очекувам секако добри резултати ,кои ќе ги постигнеме со многу работа ,тренинг и трпение“, рече тренерот на екипата Петре Жабев.
„Одбојката во Велес има традиција. Ова е првиот чекор кон враќање на таа традиција. За новата сезона очекувам дека дел од нашите играчи кои играат надвор од градот ќе ги убедиме да се вратат ,а секако во првиот состав ќе вклучиме и дел од младите кои оваа сезона имаа доста успех“, рече директорот на клубот Валентин Миланов.
Инаку годинава одбојката во Велес слави шеесет години јубилеј. По ракометот и одбојката, вакви промени во позитивна насока ќе се прават и во фудбалскиот клуб Борец./Д.С