Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Игор Леовски беше избран во силна конкуренција затоа што сад себе има бројни постигнувања како дел од велешкиот фуд-сал клуб но и како фудбалер на македонската фуд-сал репрезентација. На спортската манифестација за избор на најдобрите спортисти и спортски клубови, што годинава се организираше по педесет и седми пат, за најдобра екипа беше прогласен фуд-сал клубот „Велес“.

Резултатите што лани ги постигнаа двајцата познати кајакари Борче Мирчевски од КК „Бабуна“ и Љубомир Спасиќ од КК „Гемиџии“ им донесоа пласман на второто и третото место на градската ранг листа на најдобри спортисти. Екипно второто место му припадна на градскиот ракометен клуб „Борец“ додека третото место на кајак клубот „Бабуна.

Манифестацијата „ Избор на спортист на годината“ ја организира Сојузот на спортови на Велес а финансиски ја помага општина Велес.

Листата на најдобри спортисти на Велес годинава е составена од фудбалерот Игор Леовски на прво, кајакарот Борче Мирчевски од ККК Бабуна на второ место, кајакарот Љубомир Спасиќ од ККК Гемиџии на трето место, велосипедистот на МВК “Велес“ Христијан Ванчевски на четврто место, голманот на ГРК “Борец“ Кире Димовски на петтото место, фудбалерот Благој Левков од ФК Борец 1919 на шестотот место, мотоциклистот Драган Ванов од МК „Велес“ на седмото место, фудбалерот на ФК Превалец Стевче Илиевски на осмото место , одбојкарот на ГОК „Борец“ Дејан Димовски на деветото место и спортскиот риболовец Славко Казаков од СРД „Кркушка“ е на десеттото место.

Градската спортска асоцијација, исто така награди и 13 талентирани младинци, кои лани постигнале солидни спортски резултати како и младински спортски екипи. Постхумно признанија за развој на велешкиот спорт добија членовите на семејствата на фудбалерот Трајче Манасков и кошаркарот Јован Наќинов.

Годинава добитници на признанија се и меѓународниот карате судија Раде Стефановски и спортскиот работник Иле Чуповски од МВК „Велес“ а за посебни достигнувања Тодорче Георгиев од СПД „Чеплес“ и Небојша Саздов од фитнес клуб „Атлета“.

За најдобри спортските педагози беа прогласени професорите по физичко образование Петре Жабев од ООУ „Блаже Конески“ и Татјана Арсовска ООУ „Васил Главинов“./У.Ј

 

 

Поврзани вести

 

Вчера и денеска во ЈКП Дервен се испита причината за краткиот прекин на испорака на вода на ЈЗУ Болница – Велес на ден 20.02.2018 година.

Утврдено е дека екипа на Сектор Водовод работела на замена на вентил на ул. Љубљанска, поради што морале да го затворат вентилот на линијата од која од оваа страна се снабдува со вода болницата.

Но, лицето кое го затворило вентилот заради активностите на ул. Љубљанска, со крајна небрежност истото го сторило без да провери дека вентилот од втората доводна линија од страната на Којник бил исто така затворен, а што морал да го стори пред да го затвори вентилот од првата доводна линија. На овој начин ги затворил двата вентила од двете доводни линии и предзвикал краток прекин на водоснабдувањето во болницата во времетраење од 10-15 минути, по што било интервенирано и воспоставено нормално водоснабдување.

Како резултат на горенаведеното, во ЈКП Дервен во тек е постапка за утврдување на дисциплинска одговорност на соодветно лице, кон кое ќе бидат преземени строги дисциплински мерки.

Значи, не станува збор за намерно исклучување на водата на болницата, или исклучување со дадена наредба, бидејќи за тоа нема причини.

Реакциите на јавноста се оправдани и очекувани. Сепак, коментарите на социјалните мрежи кои имаат намера да прикажат пред јавноста дека наведениот проблем е намерено предизвикан, смислен и сл. и дека некој сака свесно да предизвика проблем се неточни и злонамерни.

Со почит,
ЈКП Дервен

Најново