Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

На државното првенство во кик бокс за јуниори и сениори кое денеска се оддржа во Скопје во хала 5 на скопскиот саем, избраниците на Александар Ристовски и Тодор Анастасиев имаа уште еден блескав настап кој го комплетираа со пет медали.

Јуниорите имаа стопроцентен учинок, кој го најави Филип Ризов со новиот златен медал во категоријата кик лајт, а најсјајните медали завршија и на градите на Александар Велков и Ристе Атанасов. Кај сениорите Илија Камчев стигна до првата позиција, додека Никола Бошев ја загуби финалната битка и стигна до сребрениот медал.

„Жетвата“ на медали ја продолжија и ММА борците кои уште на првото државно првенство во ММА демонстрираа надмоќност и непогрешливост, што му донесе златни медали на сениорите Мартин Данев, Мартин Димитровски и Никола Бошев.

„Задоволен сум од целиот тим. Кик боксерите очекувано беа доминантни пред се поради поглемиот број на борби и искуство кое го имаат. Покрај нивните успесни, исто толку важен е и резултатот на ММА борците. Драго ми е што оваа боречка вештина полека влегува во нашата држава, има доста квалитетни борци, но што е најважно, ние не заостануваме зад нив, а потврда за тоа се и трите злата“ - рече меѓу другото Александар Ристовски, тренер на клубот за боречки вештини „Будо“, најавувајќи уште една успешна и доминантна сезона и во кик бокс и во ММА.

Поврзани вести

 

Вчера и денеска во ЈКП Дервен се испита причината за краткиот прекин на испорака на вода на ЈЗУ Болница – Велес на ден 20.02.2018 година.

Утврдено е дека екипа на Сектор Водовод работела на замена на вентил на ул. Љубљанска, поради што морале да го затворат вентилот на линијата од која од оваа страна се снабдува со вода болницата.

Но, лицето кое го затворило вентилот заради активностите на ул. Љубљанска, со крајна небрежност истото го сторило без да провери дека вентилот од втората доводна линија од страната на Којник бил исто така затворен, а што морал да го стори пред да го затвори вентилот од првата доводна линија. На овој начин ги затворил двата вентила од двете доводни линии и предзвикал краток прекин на водоснабдувањето во болницата во времетраење од 10-15 минути, по што било интервенирано и воспоставено нормално водоснабдување.

Како резултат на горенаведеното, во ЈКП Дервен во тек е постапка за утврдување на дисциплинска одговорност на соодветно лице, кон кое ќе бидат преземени строги дисциплински мерки.

Значи, не станува збор за намерно исклучување на водата на болницата, или исклучување со дадена наредба, бидејќи за тоа нема причини.

Реакциите на јавноста се оправдани и очекувани. Сепак, коментарите на социјалните мрежи кои имаат намера да прикажат пред јавноста дека наведениот проблем е намерено предизвикан, смислен и сл. и дека некој сака свесно да предизвика проблем се неточни и злонамерни.

Со почит,
ЈКП Дервен

Најново