Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Викендов, на домашен терен, екипата на женскиот фудбалски клуб „Борец“ извојува победа над екипата на „Драгон“ од Битола. Домаќинот покажа дека е надмоќен на теренот иако на натпреварот одигран во рамки на 15 - тото коло на Првата женска фудбалска лига на Македонија го имаше за ривал квалитетниот тим на „Драгон “ од Битола.

Првиот гол за велешанки го постигна фудбалерката Елма Шемсовиќ, играч од средниот ред. Таа имаше ефектен погодок во 30 минута на првото полувреме. Гостинките израмнија петнаесетина минути подоцна, поточно во последната минута на првиот дел на натпреварот.

Домаќинките на „Борец“ ја имаа контролата над теренот и во второто полувреме иако Шемсовиќ промаши пенал. Натпреварот и победата на домаќинките ја реши голот на фудбалерката Драгана Гегова, играч од средниот ред на екипата, во седумдесеттата минута.

Шемсовиќ и Гегова се репрезентативки на Македонија до 19 години.

Викендов ЖФК „Борец’“ е слободен за потоа, во 17-тото коло на Првата женска фудбалска лига на Македонија, на Градски во Велес да ја пречека екипата на ЖФК „Речица“ од Куманово. Велешанки, во последното коло ќе треба да одиграат натпревар во Струга со екипата на „Ас Јунајтед“./У.Ј

Поврзани вести

 

Вчера и денеска во ЈКП Дервен се испита причината за краткиот прекин на испорака на вода на ЈЗУ Болница – Велес на ден 20.02.2018 година.

Утврдено е дека екипа на Сектор Водовод работела на замена на вентил на ул. Љубљанска, поради што морале да го затворат вентилот на линијата од која од оваа страна се снабдува со вода болницата.

Но, лицето кое го затворило вентилот заради активностите на ул. Љубљанска, со крајна небрежност истото го сторило без да провери дека вентилот од втората доводна линија од страната на Којник бил исто така затворен, а што морал да го стори пред да го затвори вентилот од првата доводна линија. На овој начин ги затворил двата вентила од двете доводни линии и предзвикал краток прекин на водоснабдувањето во болницата во времетраење од 10-15 минути, по што било интервенирано и воспоставено нормално водоснабдување.

Како резултат на горенаведеното, во ЈКП Дервен во тек е постапка за утврдување на дисциплинска одговорност на соодветно лице, кон кое ќе бидат преземени строги дисциплински мерки.

Значи, не станува збор за намерно исклучување на водата на болницата, или исклучување со дадена наредба, бидејќи за тоа нема причини.

Реакциите на јавноста се оправдани и очекувани. Сепак, коментарите на социјалните мрежи кои имаат намера да прикажат пред јавноста дека наведениот проблем е намерено предизвикан, смислен и сл. и дека некој сака свесно да предизвика проблем се неточни и злонамерни.

Со почит,
ЈКП Дервен

Најново