Кајакарот Енис Небиовски е избран за спортист на 2017 година во Општина Велес
Енис Небиовски кајакар на кајакарскиот клубот „Вардар“ од Велес е избран за спортист за 2017 година на град Велес . Престижната спортска награда Недиовски ја заслужи со постигнатиот успех поточно Државен сениорски првак во к1, вице првак во 3хк1вкако и за освоените седмо и осмо место на европските натпревари во тимско возење. Небиовски беше прв на спортскиот натпревар „Велес опен“ и победник на илинденски кајак слалом Велес. Го освои и трето место на отворено првенство Велес.
На листата на 10 најуслешни спортисти за 2017 година освен Енис Небиовски се и Ивица Илиев, првотимец на ГРК Борец, како втор потоа на третото место е кајакарот на ККК „Гемиџии“ и ККК Арка – Борец, Љубомир Спасиќ, четворопласирана е Марија Ѓоргиева од центарот за боречки вештини Будо, на пето место е рангирана Анѓелина Панова, член на атлетскиот клуб „Изгрев“, шестото место го освои моторциклистот Драган Ванов од Мото клубот „Велес“, седми е фудбалерот на ФК „Борец“ , Тале Трајков, на осмото место се пласираше Сашко Ивковиќ од ГОК „Борец“ додека деветото и десетотото место го освоија Христијан Ванчевски од МВК „Велес“ и Никола Зафирчев од КК „Борец Баскет“.
За најдобра екипа во 2017 во општина Велес е прогласен кајак кану клубот „Бабуна“, втото место го освои КМФ „Велес“ и третото МВК „Велес“.
Сојузот на спортови на Општина Велес, годинава за најталентирани млади играчи ги прогласи: Ѓорги Бановски – каратист на „Гладијатор“, Ненад Антиќ во стрелаштво, Стојанче Илиевски од РК „Велес“, Ангела Димова кајакар на „Бабуна“, тенисерката Елена Џунова, Ѓоре Ѓошевски кој е кошаркар на „Борец баскет“, Бојан Владов одбојкар на ГОК „Борец“, фудбалерот на ФК „Борец“ Ане Ташевски, Енгин Дестанов – член на центарот за боречки вештини Будо, каратистот на „Гладијатор“ Jован Васиќ, одбојкарката на „Борец“ Мартина Борова, борачот Кадир Камбери на БК „Борец“, велосипедист на МВК Виктор Ванчевски, кајакарот на „Вардар“ Ангел Петрушевски и Филип Николов ракометар на ГРК „Борец“.
Кајак кану клубот „ Врадар“, Младински велосипедски клуб „Велес“ и Карате клуб „Гладијатор“ се трите екипи кои го делат првото место во категоријата најдобри младински екипи.
За најдобар тренер за 2017 година е прогласен Васко Василев од ГРК „Борец“. Со признанија се наградени Христијан Николов од МВК „Велес“ и Димче Стефановски од ККК „Вардар“.
За успеси постигнати како дел од државните селекции наградени се спортистите Боби Војниновски и Игор Мицевски.
Големиот вљубеник во спортот, а посебно во фудбалот Ѓорги Минов е добитник на наградата за животно дело, а ракометниот голман Виктор Гигов е прогласен за Амбасадор на велешкиот спорт. Гигов одличната ракометна кариера ја започна во „Борец“, за да продолжи и во „Младост“ од Богданци,потоа во Исланд, во „Југос“ Куманово, „Црквеница„ во Хрватска,„ Аполон“ во Грција, „Короса“ во Јужна Кореа, во „ Мерсин“ и во „Кајсери“ во Турција за спортската кариера да ја заврши во „Селка Спор“ во Турција.
Новинарот Петар Печков од порталот tirekovmirece.com и Регионалната телевизија К-1 добија признание за своето известување за спортот во 2017 година.
Со почесно признание на годинешниот избор на спортист на годината се стекнаа Љубчо Ѓоргиев-член на планинарско друштво „Чеплес“, атлетичарот Зоран Димов како и членовите на планинарско друштво Чеплес Тодорче Горгиев ,Зоран Дуков и Кире Димов.
Боби Војдиновски од карате клубот„ Гладијатор“ е прогласен за најдобар судија, а велешкиот атлетски полумаратон за најдобра манифестација во 2017 година.
Во категоријата училишниот спорт за најдобро училиште е прогласено ССОУ „Коле Неделковски, а за најдобар спортски педагог професорот по физичка култура Ангелче Гушев.
Традиционалниот избор го организираше Сојузот на спортови на Велес со поддршка на Општина Велес./У.Ј