Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Македонската ракометна репрезентација го доживеа првиот пораз на Европското првенство, откако на првиот натпревар од главната фаза загубивме од Шпанија со убедливи 20-31.

Шпанците од самиот старт тргнаа напаѓачки и направија предност која што ја надградуваа и одржуваа во целиот натпревар.

Во првото полувреме повреда заработи и капитенот на македонската репрезентација, Кире Лазаров, кој потоа го пропушти остатокот од натпреварот.

Македонските ракометари во вторник ги очекува дуелот со Чешка, а в среда и последниот дуел од групата 2 против олимпискиот првак Данска.

На чело на табелата е Данска со 6 бодови , Шпанија и Германија имаат по 4, Македонија остана со 3, Чешка има 2, Словенија само 1 бод.

 

Поврзани вести

 

Вчера и денеска во ЈКП Дервен се испита причината за краткиот прекин на испорака на вода на ЈЗУ Болница – Велес на ден 20.02.2018 година.

Утврдено е дека екипа на Сектор Водовод работела на замена на вентил на ул. Љубљанска, поради што морале да го затворат вентилот на линијата од која од оваа страна се снабдува со вода болницата.

Но, лицето кое го затворило вентилот заради активностите на ул. Љубљанска, со крајна небрежност истото го сторило без да провери дека вентилот од втората доводна линија од страната на Којник бил исто така затворен, а што морал да го стори пред да го затвори вентилот од првата доводна линија. На овој начин ги затворил двата вентила од двете доводни линии и предзвикал краток прекин на водоснабдувањето во болницата во времетраење од 10-15 минути, по што било интервенирано и воспоставено нормално водоснабдување.

Како резултат на горенаведеното, во ЈКП Дервен во тек е постапка за утврдување на дисциплинска одговорност на соодветно лице, кон кое ќе бидат преземени строги дисциплински мерки.

Значи, не станува збор за намерно исклучување на водата на болницата, или исклучување со дадена наредба, бидејќи за тоа нема причини.

Реакциите на јавноста се оправдани и очекувани. Сепак, коментарите на социјалните мрежи кои имаат намера да прикажат пред јавноста дека наведениот проблем е намерено предизвикан, смислен и сл. и дека некој сака свесно да предизвика проблем се неточни и злонамерни.

Со почит,
ЈКП Дервен

Најново