ЕП вп ракомет: Гонзалес со истиот состав на македонската селекција против Чешка, не се знае дали и Лазаров
Објавено на 23 јануари, 2018 во 15:26
Македонскиот селектор Раул Гонзалес нема да прави промени во составот за вечерашниот натпревар со Чешка во групата 2 на Европското првенство во ракомет кое се игра во Хрватска.
Капитенот Кире Лазаров ќе биде во тимот, но бидејќи се уште нема информација околу степенот на повредата која ја здоби на натпреварот со Шпанија, неизвесно е дали воопшто ќе се појави на теренот.
Натпреварот се игра во Вараждин од 20:30 часот, а со победа ќе ги задржиме шансите за пласман во полуфиналето.