Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Четири километри повеќе од досегашниот рекорд на дваесет и четиричасовен ултрамаратон истрча велешанецот Михов, член на АК „Велес“. Тоа се случи на дваесет и четиричасовниот ултрамаратон во Атина, Грција што се одржа изминатиов викенд, на 26 и 27 јануари. Михов се пласираше на второто место со истрчани 230 километри, веднаш по србинот Саша Гациќ кој во исто време истрча 232 километри или пет километри повеќе од рекордот на Србија.

- Особено сум задоволен и горд што го урнав државниот рекорд и што ја исполнив нормата за Учество на Европското првенство во ултрамаратонско трчање ќе се одржи на 26 и 27 мај во градот Темишвар во Романија, рече Михов.

Тој немал никакви проблеми да се фотографира со македонското знаме на себе, бил добро примен од домаќините кои единствено му ја корегирале пријавата па наместо со името на државата од која доаѓа Република Македонија му напишале дека е претставник на градот Велес од ФИРОМ.

Како и досега Михов сам, на свој трошок отпатува во Атина без било каква финансиска поддршка од својата земја, својот град или поддржувачи како што тоа го прават неговите колеги од соседството зад кои стојат фирми, градови и држави. /У.Ј

Поврзани вести

Web banner Duma Sinalco Nagradna Igra 300x250px

 

Најново