Навивачите на Ливерпул заедно ќе го гледаат четвртфиналниот дуел во Лигата на Шампионите со Манчестер Сити
Собирот на навивачи на Ливерпул ќе се одржи во „Драма Кафе“ во Велес. На собирот, на 4 април во 19 часот, ќе присуствуваат фанови од цела Македонија со цел да го проследат првиот меч од четвртфиналниот дуел во Лигата на Шампионите меѓу Ливерпул и Манчестер Сити.
Тие освен фудбалскиот спектакл и загарантираната дружба собирот ќе го искористат и за хуманитарна акција и собирање на помош за живата фудбалска легенда Венцислав Симоновски.
Овојпат на собирот со нив заедно ќе го проследат натпреварот на Ливерпул и македонските фудбалски великани Саша Ќириќ и Панче Ќумбев кои ја прифатија поканата да бидат гости на настанот и да се дружат со македонските навивачи на Ливерпул.
„Почнете со пакување на навивачките реквизити и ве чекаме во што поголем број во Драма Кафе во Велес“, им порачаа велешките на останатите фанови на Ливерпул во Македонија.
Резервации на тел. 075/633-392 077/590-560 и 078/436- 601