Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

По 4800 километри поминати на трката низ Америка во 2016, речиси двојно подолгата екстремна Транс-Сибирски тура во 2017, годинава, во рамките на Синалко турнеата германскиот велосипедист Пјер Бишоф во вторник ќе го посети Кавадарци.

На турнеата која започна во понеделникот, 15 мај од германскиот град Дуизбург, а ќе заврши на 23 мај во Солун, Бишоф ги посетува градовите во земјите од централна и југоисточна Европа во кои се лоцирани производствените погони на компаниите соработници на германскиот бренд Синалко, главниот покровител на сите активности за 2018 на германскиот екстремен спортист.

Според предвиденото Бишоф ќе пристигне во Македонија на 22 мај, а веќе истиот ден во попладневните часови ќе биде пречекан и од своите домаќини, компанијата Кожувчанка ДОО која е лиценциран производител на пијалоците од брендот Синалко. По прошетката низ компанијата, Бишоф ќе се упати кон црквата Света Петка, каде што ќе се сретне со кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев, членовите на здружението Тиквешки Точакџии и останати вљубеници во велосипедизмот, по што ќе следи заедничка велосипедска парада низ централното градско подрачје, која ќе заврши на градскиот плоштад.

Во чест на Бишоф на градскиот плоштад ќе биде организирана и посебна културно уметничка програма со настапи на локални диџеи, специјално декорирана сцена и организирана фан зона во која присутните ќе може да се дружат со Бишоф./А.Д

Поврзани вести

Web banner Hit Portal Sinalco IceTea 2018 300x250px 01

 

Најново