Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

kozuvcanka21ewНа официјален состанок  во просториите на КОЖУВЧАНКА ДОО - Кавадарци денеска се потпиша договор за соработка помеѓу компанијата и Федерацијата на училишен спорт.

  Во текот на целата 2019-та година постои план и програма направена од “Федерација на училишен спорт” која што секоја недела има свои активности и проекти, а сега заедно со Кожувчанка ДОО како верен поддржувач и помагател на спортот во државата ќе се обидат да го подобрат и зајакнат организацискиот модел на училишниот спорт, со кој веруваме дека ќе се постигнат поефикасни резултати во развојот на целокупниот спорт во нашата држава.

 IMG 1509

 

“Еден од планираните проекти за тековната 2019-та година кој што е содржан во нашиот маркетинг буџет е токму оваа соработка со училишниот спорт, како дополнителен мотив за младите спортисти, федерацијата и спортските работници. Се надевам дека секоја наредна година нашата поддршка ќе се зголемува, а ние ќе се вложуваме за да допринесеме во јакнење на овој систем, бидејќи нашиот најголем фокус, а воедно и за секое општество, се младите како основа и двигатели на едно здраво општество.”- Изјави за  идната соработка Маркетинг менаџерот на Кожувчанка ДОО Кавадарци, Митко Јовановски.

  “За разлика од останатите федерации, нашата е една комплексна федерација која што има една голема масовност со интеграција на сите 460 училишта (основни и средни), поткрепени со 36 општински сојузи на училишен спорт кои што сите здружени ја сочинуваат федерацијата. Голема благодарност до компанијата “Кожувчанка” за поддршката која што ја дава, и за овој почеток каде основен акцент се става на масовноста на младите во спортот и се надеваме на долгорочна и успешна соработка.” - Истакна Претседателот на федерацијата Александар Туфекчиевски.

Поврзани вести

300x250 web banner Duma

banerknigovodstvo

Најново

 
   
   
   
   

Швајцарската мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала РОНТИС, заради зголемување на својот постоечки капацитет во фабриката во Велес, има потреба да вработи:

20 (дваесет) Оператори во производство

 

Кандидатите треба да ги поседуваат следните квалификации:

  • ССС
  • Со или без работно искуство

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес ги охрабрува сите заинтересирани кандидати  да аплицираат, без разлика на нивната полова, верска или национална припадност.

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со фотографија на infomk@rontis.com  или на адреса: ДПТ РОНТИС ДООЕЛ   с. Долно Оризари бб, Велес 1400 (со назнака за Оператор ), најдоцна до 26/07/2019 година.