Фудбалски меч за историја: Македонија за првпат на чекор до пласман на Европското првенство
Објавено на 12 ноември, 2020 во 14:17
12.11.2020
Денеска од 18.00 часот на „Динамо Арената“ во Тбилиси ќе се игра натпреварот од УЕФА Лигата на нации за пласман на наредното ЕП, битката помеѓу Грузија и Македонија.
Нашите фудбалери вечерва ќе се борат за победа која ќе ни значи прв историски настап на континенталните собири во сениорска конкуренција. Од УЕФА преку видео најавија дека вечерва изборот е Македонија или Грузија.
Им посакуваме успех на нашите фудбалски репрезентативци на вечерашниот натпревар, веруваме дека гордо, достонствено во вистинско светло ќе ја претстават својата држава, а Македонија конечно ќе има причина за славење !
Мите Јаначков