Јавно претпријатие „Парк-спорт и паркинзи“ во Велес, се справува со состојбата и во услови на корона криза
16.02.2021
И во услови на Ковид -19, со само четворица вработени, ЈП „Парк-спорт и паркинзи“ успева да ги опслужи потребите од тренинзи на спортските клубови во Велес кои настапуваат во првите лиги во одбојка, кошарка и ракомет и мал фудбал. Нема слободен термин за тренинг во спортската сала Гемиџии и на градскиот стадион „Зоран Паунов“, затоа што спортските клубови тренираат секој ден. Здравствените протоколи не дозволуваат да се одржуваат рекреативни спортски активности во салата. И во ваква ситуација ова јавно претпријатие успева економски состојбата да ја доведе до позитивна нула и да нема долгови.
– Разгледувајќи ги претходните финансиски документи многу е битно што и покрај ковид кризата претпријатието „Парк-спорт и паркинзи“ нема направено нов долг во текот на цела 2020 година.Така продолжуваме и во 2021 година. Сега термините во салата ги користат само спортските клубови бидејќи така дозволуваат протоколите од Владата и Министерство за здравтво,ние сите клубови пополека ги враќаме во живот. Исто така од скоро започнаа да вежбаат и индивидуалните спортови како што се борење, бокс и карате , рече Љупче Иванов, директорот на Јавно Претпријатие „Парк -спорт и паркинзи“.
Претпријатието ги чекаат уплатите на средствата од ваучерите на спортските клубови како и изнајмениот простор на угостителските објкети за да може да ги подмири обврските. Проценките се дека покрај помошта од локалната власт потребна е и помош од државата за да се преброди состојбата наметната од ковид кризата.
-Финансискиот аспект е битен за да можеш да вработиш персонал а итовремено поврзан е со наплата на деловниот простор. Сега поради корона кризата голем дел од овие објекти воопшто не работат или пак работат со скратено време, па отежната им е и ним финансиската состојба за да можат редовно да ги сервисираат трошоци кон нас, додаде Иванов.
Се додека не се воведат нови протоколи од страна на Владата и Министерството за здравство, рекреативците ќе може да го користат само отворените терени кои се наоѓа во градскиот парк како фудбалските помошни игралишта, тениското и атлетската патека на градски стадион.
-Ние сме со минимален број на вработени, со оглед на тоа колку вработени имаме гледаме да бидеме потполнети максимално со термини, и да можеме да го сервисираме сето тоа во поглед на одржување хигиена и ред. Влезовите се затворени бидејќи нема доволно персонал кој ќе може да се грижи за целото работење во претпријатието, додаде Иванов.
Јавното Претпријатие „Парк-спорт и паркинзи“ се надева дека напролет ќе може да ги отвори вратите и за рекреативците. Сепак тоа ќе зависи од здравствените протоколи и состојбата со коронавирусот.
Стефани Манева