Младиот ракометен ас Антонио Јаневски е велешанец кој макотрпно гради успешна спортска кариера. Тој е матурант на прва генерација на Спортската академија во Скопје. Во изминатите четири години младото момче, посветено на спортот и образованието, беше дел од ракометна паралелка на спортската гимназија „Методија Митевски Брицо“. Но воопшто не и е непознат на велешката спортска јавност бидејќи пред да седне во средношколската клупа Јаневски две години ги бранеше боите на клубот „Велес 2009“. Неговиот талент беше пресуден за првиот трансфер во младинската екипа на ракометниот клуб “ Борец“ додека постигнувањата на теренот и полнењето на противничките голови пак за преминување во младинската екипа на РК “ Вардар“ . Сега кога зад себе ја има и титулата најдобро лево крило на Ф 4 Јаневски треба да одлучи и тоа брзо каде ќе ја продолжи сопствената спортска кариера. Со него деновиве разговаравме и токму со таа тема го започнавме разговорот.

Градски одбојкарски клуб Борец е формиран во Велес. Процедурата е веќе завршена а зад него со финансиска поддршка ќе стои општина Велес. Според градоначалникот Славчо Чадиев најпрво ќе се работи на тоа клубот да застане на здрави нозе, а потоа да се развива и да реди успеси. Тој не ја исклучува можноста клубот да биде еден од најдобрите во домашното првенство и за три до четири сезони да освои еден од трофеите во шампионатот.

Ракометарите Ивица Илиев и Миле Ордев се новото засилување на Градскиот ракометен клчуб „Борец“ од Велес. По неколку годишно отсуство во матичниот клуб се вратија на позициите лев и централен бек.

Под мотото „Допри го сонцето – откриј ја тајната за почетокот на светот“ во организација на здружението „Тиквешки точкаџии“ утре и во недела  ќе се оддржи првото издание на отворениот фестивал во планински велосипедизам и планинарење низ недопрените предели на Кожув планина, „АлШар 2016“. Фестивалот вклучува и посета и запознавање со мистериозниот рудник Алшар.

Kарате клубот „Урбан инвест“ продолжува да жнее успеси. На балканското првенство во Србија каратиситите на Урбан инвест покажаа дека се најдобри на Балканот.

Кајакарот Љубомир Спасиќ од Велес го освои четвртото место во дисциплината спуст на диви води на финалето на Европскиот куп што се одржа во Алсбург, Германија. Во конкуиренција од сто натпреварувачи од повеќе европски земји Спасиќ беше четвртопласиран. Тој денеска своите искуства од натпреварот ги сподели со градоначалникот Чадиев.

Поврзани вести

 

Најново