Кошаркарските ветерани од Кавадарци го иницираа одржувањето на првиот меморијален турнир посветен на една од најголемите кошаркарски легенди на сите времиња, Ордан Тотов. Во спортската сала „Јасмин“ кошарка играа ветераните од КК „Тиквеш“ и КК „Борец“ од Велес.

Освоеното трето место на атлетичарот Марјан Бонев од Атлетскиот клуб „Велес“ викендов на Државното првенство во полумаратон во Скопје не поттикна да го побараме овој спортист. Неговиот постигнат резултат од еден час, 14 минути и 47 секунди на патеката долга 21.1 километар беше предизвик за разговор што со него го имавме и во кој откривме дека Бонев последниве шест месеци живее на релација Скопје – Франкфурт а од неодамна стана и член на велешкиот атлетски клуб.

Со резултат 108:93  заврши натпреварот помеѓу Фени индустри и Работнички во салата Јасмин во Кавадарци.

Публика и навивање за прва лига, но фудбалска претстава за во трета. Очекувано, дербито на Тиквешијата помеѓу Вардар Неготино и Тиквеш 2014 го исполни стадионот во Неготино, но за разлика од првото сезонско дерби одиграно во Кавадарци, неготинчани не видоа погодоци.

Велешкиот кошаркарски клуб „Борец“ и новиот сопственикот на Ќиро Ќучук, компанијата „Еуро Брик“  денеска потпишаа договор за спонзорство, односно долгорочно финансирање на клубот. Но спонзорите не открија детали од договорот, потребно било да се направи комплетната стратегија па дури потоа да излезат со информации за финансиската поддршка на клубот. Сопственикот  на компанијата, како бивш кошаркар, одлучил токму во овој клуб да ги вложи своите пари.

Еден сосема поразличен карате стил од сите досегашни кои се негуваа во Велес проследи публиката која во петокот вечерта, на 18 март, беше присутна во поливалентниот простор на основното училиште „Блаже Конески“. Тогаш се одржа презентацијата на вештините на карате стилот Окинава од страна на каратистите од клубот во Велес. Тоа се случи пред официјалното полагање на каратистите на кое беше присутен и Милан Димитриевски со својот асистент од Белград. Презентацијата на велешките Окинава каратисти ја проследија карате мајстори од останати клубови и стилови од Велес и од Македонија.

Поврзани вести

 

Најново