Со спортските торбици на рамо и опремата која им беше неопходна за да го одиграат ревијалниот натпревар во споретската сала Блаже Конески во Велес, на светскиот ден на одбојката синоќа дојдоа ветераните на градската одбојка. Пристигнуваа еден по еден , меѓусебно се поздравуваа а потоа разговараа и се договараа која стратегија ќе биде потребна за да се одигра добар сет и да се победи. Сите тие важат за легенди на велешката одбојка ако се има во предвид дека во дресот на Железничарскиот одбојкарски клуб „Борец“ во сезоната 1979/1980 година беа прваци на втората одбојкарска лига на тогашна Југославија. А веќе наредната сезона се натпреваруваа во првата југословенска одбојкарска лига. Тогашните момчиња и нивната извонредна игра беа причина велешани, најверниот седми играч, да ја полнат салата на ОУ Благој Кирков, а потоа и на тогашната СРЕЦ „25 мај“ или сегашана спортска сала „Гемиџии“.

Како што февруари годинава имаше еден ден повеќе, така да има што повеќе одбојкарски натпревари во градот, посакаа вчера велешани кои присуствуваа на одбележувањето на светскиот ден посветен на овој спорт. Промотивни одбојкарски натпревари се играа цел ден на паркетот на спорската сала во основното училиште „Блаже Конески“ меѓу најмалите односно школските екипи потоа младинци и екипата на градскиот клуб „Виола Волеј“. На крај круна на манифестацијата беше играта на ветераните, одбојкарите и одбојкарките кои се запишани како дел од спортската историја на градот.

Филип В'чков од клубот за боречки вештини „Будо“ од Кавадарци е спортист на годината за 2015 година. Почестите на изборот на спортист на годината В'чков ги обезбеди со успешните настапи на балканското првентво во кик бокс од кое се врати со сребрен медал, и деветте медали од државните првенства, од кои 6 златни, 2 сребрени и еден бронзен.

Поврзани вести

 

Најново