Публика и навивање за прва лига, но фудбалска претстава за во трета. Очекувано, дербито на Тиквешијата помеѓу Вардар Неготино и Тиквеш 2014 го исполни стадионот во Неготино, но за разлика од првото сезонско дерби одиграно во Кавадарци, неготинчани не видоа погодоци.

Велешкиот кошаркарски клуб „Борец“ и новиот сопственикот на Ќиро Ќучук, компанијата „Еуро Брик“  денеска потпишаа договор за спонзорство, односно долгорочно финансирање на клубот. Но спонзорите не открија детали од договорот, потребно било да се направи комплетната стратегија па дури потоа да излезат со информации за финансиската поддршка на клубот. Сопственикот  на компанијата, како бивш кошаркар, одлучил токму во овој клуб да ги вложи своите пари.

Еден сосема поразличен карате стил од сите досегашни кои се негуваа во Велес проследи публиката која во петокот вечерта, на 18 март, беше присутна во поливалентниот простор на основното училиште „Блаже Конески“. Тогаш се одржа презентацијата на вештините на карате стилот Окинава од страна на каратистите од клубот во Велес. Тоа се случи пред официјалното полагање на каратистите на кое беше присутен и Милан Димитриевски со својот асистент од Белград. Презентацијата на велешките Окинава каратисти ја проследија карате мајстори од останати клубови и стилови од Велес и од Македонија.

Презентација на Окинава карате ќе се случи во поливалентниот простор на ООУ „Блаже Конески“ во Велес, во сабота на 19 март. На презентацијата ќе има гости од Белград. Тоа ќе бидат инструкторот Милан Димитриевски со асистент. Освен презентација, започнувајќи од четврток, 17 март до недела 20 март, во градот ќе се одржи и семинар . За таа цел велешките Окинава каратисти викендов имаа интензивни подготовки.

Со чистење на дрвата и грмушките, средување на трската и поставување на боксови се уредува крајбрежниот појас на езеро  „Младост“. Тоа се прави за да се создаде патека за крапски риболов. Таа ќе треба да биде готова веќе на 5 мај, годинава кога ќе биде промовирана преку рибарски настан. Тогаш на езеро „Младост“ ќе се одржи првиот Куп на крапски риболов кој ќе биде дводневен и ќе се вика „Ѓемиџии“.

Македонија ги доби новите шампиони во џудо во сениорска конкуренција. Со насловот најдобри во својата конкуренција во земјата на државното првенство кое во организација на Џудо федерацијата на Македонија, а со техничка организација на џудо клубот Кожувчанка се одржа во  Кавадарци, се закитија вкупно 13 џудисти, од кои шест женски и седум машки.

Поврзани вести

 

Најново