Температурите во Софија, доколку продолжи емисијата на штетни гасови, до крајот на веков ќе се зголемат за 8,4 степени, а истото се однесува и за Скопје. Трет на листата е Белград.

99,1 отсто од граѓаните гласаа против рудници за злато на Кожуф.

Македонија е рангирана на 17 место на листата на 20 најтоксични земји во светот. Зад неа се само Сингапур, Ирак и Кина, објави организацијата Еко експертс.

Новите предлози на Европскиот Парламент се однесуваат на поамбициозните национални ограничување на емисиите на клучните загадувачи, вклучувајќи ги NOx честичките и сулфур диоксидот, јавува дописникот на МИА од Стразбур.

„Југохром“ бара ново 18-месечно продолжување на рокот да постави филтри за отпрашување на отпадните гасови од фабриката. Рокот, кој истекува денеска, го одреди Владата пред две години. Досега овој рок Владата и Министерството за екологија неколку пати го продолжуваа на барање на „Југохром“, но во фабриката и понатаму нема поставено филтри.

Поврзани вести

Најново