Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Новите предлози на Европскиот Парламент се однесуваат на поамбициозните национални ограничување на емисиите на клучните загадувачи, вклучувајќи ги NOx честичките и сулфур диоксидот, јавува дописникот на МИА од Стразбур.

“Загадувањето на воздухот е првата причина за смртноста во ЕУ од животната средина”, рече известувачот Џули Гирлинг (Велика Британија).

-Политичкиот контекст се промени во текот на изминатите три години, прашањето за квалитетот на воздухот има добиено големо значење, заедно со скандалот „Фолксваген“ и прашањето за реалните емисии на штетни гасови на возилата. Напорите посветени последните десет години за намалување на емисиите на CO2 доведоа до занемарување на прашањето на квалитетот на воздухот, додаде таа

“Ова гласање е чекор во вистинската насока. Тоа не е лек, но тоа во голема мера ќе го подобри здравјето на нашите граѓани”, додаде таа.

Новото законодавство воспоставува траги за сулфур диоксид (SO2), азотен оксид (NOx), неметански испарливи органски соединенија (NMVOCs), амонијак (NH3) и честички PM, помали од 2,5 микрометри.

Се очекува овие усвоени мерки да влијаат за намалување на загаденоста на воздухот врз здравјето на луѓето до 50 отсто од 2030 година

Според Европската агенција за животна средина, овие загадувачи доаѓаат главно: честичките се емитираат главно со греење, индустријата и транспортот; NOx од транспортот; емисиите на SOx од секторот на енергетиката и непатниот сообраќај; емисиите на NH3 од земјоделскиот сектор; CО од греењето и транспортните системи; Метанонт (CH4) доаѓа од земјоделство, отпадот и енергијата.

Европарламентарците потсетуваат на договорот што ја потврдува посветеноста на ЕУ да се идентификуваат и да одговори на прекршувањата на законодавството за контрола на издувните гасови, како што забележува во случај на возила со дизел мотори Euro 6.

Земјите-членки инсистираа на тоа метанот да се исклучи од оваа Директива. Сепак, Комисијата потврди дека тоа би можело да предложи ревизија на оваа точка.

Во 2010 година од загадувањето на воздухот беа предизвикани повеќе од 400.000 прерани смртни случаи во ЕУ и во над 62 отсто од територијата на ЕУ се подложни на еутрофикација, и 71 отсто од екосистемите Натура 2000. Вкупниот износ на овие надворешни трошоци се во редот на 330 до 940 милијарди евра годишно, вклучувајќи директни економски загуби од 15 милијарди евра од изгубени работни денови, четири милијарди евра за здравствени трошоци, три милијарди евра загуби на приноси на реколтите и една милијарда евра на оштетување на згради (бројки дадени од Европската комисија).

Непочитувањето на постојните стандарди за квалитет на воздухот и новите меѓународните обврски на ЕУ, според Протоколот од Гетеборг, ја спречува подобрата заштита на граѓаните на ЕУ и нивната животна средина. Областите кои не се во согласност со стандардите PM10 и NO2 опфаќаат 32 отсто и 24 отсто од територијата на ЕУ и 40 милиони жители се уште се изложени на повисоко ниво на PM10 над ограничувањата на ЕУ .

-Загадувањето на воздухот е тивок убиец за кој малку се зборува, но е вистински сериски убиец и прави вистински масакр. Во некои градски средини воздухот е толку многу загаден што е поопасен од 10 испушени цигари на ден, вели француската пратеничка Франсоаз Гростет.

Новиот закон фиксира прецизни бројки на плафонот на емисии на загадувачи што секоја земја треба да го примени. Така емисијата на азот оксид треба да се намали на 63 отсто во однос на 2005 година. За амонијакот намалувањето треба да биде од 19 отсто, за сулфур диоксид од 79 отсто а за ПМ честичките од 49 отсто.

Извор: Локално

Поврзани вести

 

Најново