Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

99,1 отсто од граѓаните гласаа против рудници за злато на Кожуф.

На референдумскот прашање „Дали сте за отворање на рудници за металични минерални суровини на планината Кожуф“ 13097 граѓани гласале против, 154 за отворање на рудници и 133 ливчиња се неважечки, соопшти Митко Дојчинов, член на општинската изборна комисија.

Граѓаните на Гевгелија синоќа излегоа по улиците и го славеа успехот на нивниот референдум за или против отворањето на рудници за злато на планината Кожуф.

13.097 или 99,1 отсто од граѓаните што излегоа на гласањето беа против отворањето на планираниот рудник за злато.

Гласаа 13.300 гласачи или речиси 70 отсто од граѓаните запишани во Избирачкиот список на општината, информираат иницијаторите на референдумот, претставници на здружението Спас за нас.99,1 отсто од граѓаните гласаа против рудници за злато на Кожуф.

Гласањето помина мирно и без проблеми. Гевгеличани убавото сончево време денес го искористија да го дадат својот глас за иднината на своите деца и потомци. Не се забележаа никакви нарушувања на редот и мирот во сите избирачки места.

„Градот се обедини против злото“, „Така ја сакаме Гевгелија“, „Ќе продолжиме и понатаму ако е потребно“, се дел од коментарите кои ги објавуваат жителите на градот на социјалните мрежи.

Инаку одржувањето на Референдумот е иницирано од здружението „Спас за нас“, а одлука за негово спроведување е донесена од страна на Советот на Општина Гевгелија.

Изрзувањето на волјата на граѓаните е јасна порака дека регионот, а пред сè планината Кожуф треба да остане недопрена останувајќи еколошка чиста и здрава.

Поврзани вести

Web banner Hit Portal Sinalco IceTea 2018 300x250px 01

 

Најново