Просечната нето плата исплатена во мај 2016 година изнесува 22.889 денари и бележи раст од 2,5 проценти, објави Државниот завод за статистика. Зголемувањето се должи, пред сè, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето- плата по вработен во секторите: Рударство и вадење на камен за 14,2 отсто, Стручни, научни и технички дејности 5,8 отсто и Преработувачка индустрија 5,5 отсто.

Фондови, јавни претпријатија и општини вкупно должат 22 милијарди денари или 363 милиони евра, заклучно со 31 мај, соопшти министерот за финансии, Драган Тевдовски.

Авио компанијата „Катар Ервајз“ од денеска воспоставува директна авионска линија од Доха за Скопје.

Владата ќе го поништи тендерот за гасификација на Македонија. Како што велат од таму, пристигната е само една понуда и согласно законот, постапката ќе биде поништена. За да може да продолжи процесот на гасификација на последната Владина седница поради оставка на претходниот претседател на Комисијата за тендерски постапки, како привремено решение на таа функција е назначен Љупчо Петкуќески, кој е советник на вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев.

Европската унија ќе ја финансира изградбата на железничката пруга од Kоридорот 8, која треба да ги поврзе Јадранското и Црното море и ќе минува преку територијата на Македонија, изјави еврокомесарот за проширување Јоханес Хан во интервју за Дојче Веле.

Случајот „Макпетрол“ и натаму е во статус кво, цела година откако анонимната офшор-компанија „Балкан петролеум холдинг лимитед“ се обиде да го преземе македонскиот нафтен гигант. Комисијата за хартии од вредност, која уште во септември лани „привремено“ ја запре постапката, и натаму не соопштува дали има конечна одлука за понудата на „Балкан Петролеум Холдинг Лимитед“.

Поврзани вести

Најново