Не работи блок 3 во РЕК, ЕЛЕМ ке увезува струја
Објавено на 10 јануари, 2017 во 08:53
ЕЛЕМ распиша тендер за увоз на 3.600 mwh електрична енергија за задоволување на потребите по зголемената потрошувачка на струјата откако земјата ја зафати студениот бран. Во РЕК Битола веќе неколку дена не работи блокот 3.
Од ЕЛЕМ за ТВ 24 Вести информираат дека се работи на тоа блокот 3 наскоро да почне да работи, а во погон ќе се вклучи и ТЕЦ Осломеј.
„Увозот нема да влијае врз цената на струјата. Нема да потрошиме повеќе од што заработивме од продажбата на вишоците на електрична енергија што ја направивме во ноември и декемви. Со што ќе се сведеме на 0 и нема да прикажеме зголемени трошоци“, изјави Христијан Мицковски, директор на ЕЛЕМ за ТВ 24 вести.