Денеска нови цени на горивата
Објавено на 25 јануари, 2016 во 09:56
Регулаторната комисија за енергетика денеска треба да ги објави новите цени на бензините. Ако се има предвид интензивниот пад на цената на нафтата на берзите може да се очекува ново намалување на цените на горивата и во земјава.
Цената на нафтата забележа нов рекорден пад на светските берзи. Американската лесна сурова нафта денеска поевтини на Њујоршката трговска берза до 29 долари 01 центи, што е најниско ниво од ноември 2003 година, објави Франс прес.
Северноморската нафта од типот брент исто така се спушти на најниско ниво во историјата и се тргува по неверојатна цена од 27,67 долари за барел.
Извор: Плусинфо.мк