Од јуни со Air Serbia летови Охрид – Белград – Охрид
И официјално авио линијата од Охрид до Белград ќе стартува во месец јуни.Ова го потврдија на својата веб страна од српскиот авио превозник Аир Србија, јави Радио Канал 77.
Од таму велат дека линијата ќе стартува од 17 јуни и ќе оперрира три пати неделно во понеделник, среда и петок, а на линијата ќе сообраќаат турбоелисни авиони „АТР“ со по 66 седишта.
„Воведувањето на директни авио летови до Охрид претставува значаен настан во развојот на нашата регионална мрежа со која на туристите ќе им овозможиме брз и пристап на туристите до една од најубавите дестинации во Македонија изјавил Дане Кондиќ, генерален директор на Ер Србија.
Инаку, охридскиот градоначалник Никола Бакрачески пред две недели беше во Белград каде имаше средба со раководството на Ер Србија околу можноста за воведување на оваа линија. Со конекциите кои белградскиот аеродром ги разви изминатите неколку години, Охрид ќе биде поврзан и со голем број европски дестинации од кои може да доаѓаат гости вели Бакрачески.
Извор: Радио Канал 77