Расте цената на станбениот квадрат
НБРМ констатира дека во овој период зајакнува и побарувачката на станови, што е резултат на растот на станбените кредити.
Цените на становите се зголемиле за 3,1 отсто од почетокот на годината во однос на лани, објави Народната банка (НБРМ) во последниот извештај во кој, како што наведува, не може да процени дали е тоа од привремен или постојан карактер.
„Имајќи предвид дека во текот на изминатата година, кај цените на недвижностите беа забележани мали поместувања во различна насока, тешко е да се заклучи дали промената во првиот квартал е од постојан или од привремен карактер. Во прилог на ова е и констатацијата дека по изразено надолниот тренд во претходните години, во текот на изминатата година дојде до стабилизирање на цените на становите“, се наведува во извештајот на НБРМ.
НБРМ констатира дека во овој период зајакнува и побарувачката на станови, што е резултат на растот на станбените кредити.
Извор: Плусинфо.мк