Во Швајцарија референдум – на секој полнолетен граѓанин да му се исплатува по 2500 франци
Во почетокот на јуни Швајцарија би требало да одржи референдум на кој ќе се одлучува за воведување на основниот доход, според кој државата на секој полнолетен државјанин месечно би му исплатувала загарантирани 2500 франци, пишува Фактор.
Земјата планира на 5 јуни да одржи национален референдум околу воведувањето на основниот доход. Заговорниците на овој модел кој станува се популарен, од Владата бараат на секое полнолетно лице да му исплатат „приход“ кој после оданочувањето би изнесувал минимално 2500 франци.
Сепак, швајцарската Влада се противи на оваа иницијатива поради која секоја година би морале да издвојат 25 милијарди франци од државниот буџет. Полн износ би им се исплатувал на невработените, додека оние кои работат, а заработуваат помалку од 2500 франци би добиле разлика во износот.
Од Владата порачуваат дека новите даноци или редуцирање на одредени права, ќе и наштетат на економијата. Дебатата околу истиот основен приход за сите почнала во оваа земја во 2013 година.
Заговорниците, од друга страна, тврдат дека Швајцарија е богата земја и дека нема сомнежи дека ова би можела да си го дозволи. Наведуваат и дека стотина илјади работни места се загрозени поради се поголемиот напредок во технологијата, а дека основниот приход би дал некоја сигурност.
Анкетите засега предвидуваат како околу 40 посто Швајцарци ќе го поддржат референдумот за основен доход. Инаку, предложениот износ на само неколку стотина франци е поголем од проценетата граница на сиромаштија која во Швајцарија изнесува 2219 франци, а воедно е и значајно пониска од просечната плата од 6427 франци.
Повеќето од анкетираните Швајцарци велат дека ќе продолжат да работат дури иако се усвои овој предлог. Спред едно истражување, само 10 одсто од нив рекле дека би размислиле за отказ.
Експерименти во Финска, Холандија, Канада …
Идејата бројните бенефиции на владата да се заменат со еден чек и да им се пратат на сите домакинства, без разлика на приходот и дали на тоа работат или не, се повеќе добива внимание во светот во последните неколку години.
Финска планира воведување на тој проект оваа година, а во експерименталната фаза таа помош ќе изнесува 550, а подоцна и околу 800 евра месечно.
Холандскиот град Утрехт во јануари покренал експеримент и треба сега да се чекаат резултатите да види каков е ефектот. Луѓето во тој град во експериенталниот период ќе добиваат по 1100 евра.
Владата на премиерката Кетлин Вун во Онтарио неодамна соопштила дека работата со учесниците во експериментот ќе одреди и осмисли како треба да се спроведе пилот проектот кој подразбира основен минимален доход“.
Извор: Фактор