Македонците пушат 87 милиони евра годишно !
Цигарите поскапуваат за три денари, нели е ова добра причина за да се откажете од нив?
Како што пишува Фактор, дотолку повеќе што ова нема да е последно поскапување. Стапката на акцизата во првите три години од законските измени се зголемуваше за 3 денари, а од следната 2017-та година предвидено е стапката да се зголемува за 4 денари од кутија цигари во период од седум години.
Регистрираните 700.000 пушачи во Македонија, според истражувањата на Институтот, годишно трошат 11 тони цигари, или 5,5 килограми тутун по глава на жител.
Според одредени пресметки годишно за цигари трошат околу 87 милиони евра.
Според докторите, пушењето е ризик фактор за огромен број болести и нема орган во организмот каде не предизвикува штетни ефекти. Апелираат пушачите да се откажат од штетната навика, а младите воопшто да не посегнуваат кон цигарите и да се посветат на здрав живот.
-Бројот на испушените цигари дневно и должината на пушачкиот стаж се пресудни фактори за појава на одредени заболувања, но промените што ќе настанат кај различни индивидуи зависат од индивидуалната предиспозиција. Не значи дека сите пушачи ќе се разболат или пак дека секоја болест поврзана со пушењето ќе се јави кај сите пушачи, истакна Илиевска Поповска.
Податоците на СЗО покажуваат дека на секои шест секунди едно лице умира од болест поврзана со пушење, а една испушена цигара го скратува животот за 12 минути. Во светот тутунот убива околу шест милиони луѓе секоја година, од кои пет милиони пушачи, а над 600.000 починале како резултат на изложеност на цигари. Речиси 80 проценти од вкупниот број пушачи во светот, што се проценува на околу милијарда се од земји со низок и среден доход.
Извор: Фактор