Д-р Шајновски: Груевски ја губи битката со инвеститорите
Пишува Д-р Крсте Шајновски
Допрва ќе биде „весело“. На Груевски му требаат пари и тој по секоја цена ќе бара начин како да ги најде, и тоа, ни помалку ни повеќе, 650 милиони евра. Толку многу му требаат што мислам дека нему ни каматната стапка веќе не му е битна. Треба само некој да му се нафати да ја купи еврообврзницата. Се’ се плашам, на крајот да не биде некој „Белизе“ фонд, кога веќе сериозните инвеститори се колебаат. На тој начин ем ќе ги обезбеди потребните средства, ем ќе им обезбеди високи приходи на име купонска каматна стапка на сопственците на средства од тропските острови.
Првата реакција на инвеститорите беше изненадување. Очигледно, обременети од проблемите, не можевме да ја согледаме вистинската перцепција на инвеститорите, на оние кои нормално е да реагират пазарно, оние кои приносот секогаш го врзуваат со ризикот. Укажувавме, пишувавме, но потајно стравуваме дека екипата на Груевски и овојпат ќе може да ги изманипулира странските инвеститори. Домашните веќе не му веруваат, последните неколку аукции на државни записи тоа и го потврдуваат. Но, се покажа дека и меѓународните инвеститори на кои им се потребни нови извори за оплодување на капиталот, оценија дека инвестирањето во македонската еврообврзница е премногу ризичен потег. Во услови кога во нивните земји купонските каматни стапки на обврзниците се неколкукратно пониски, дури и негативни, тие дигнаа рачна за купувањето на „груевската“ еврообрзница. Тие сфатија, дека не е добро да се инвестира во обрзница која носи поголем ризик од оној кој што можат да го поднесат. А, ризикот е навистина голем.
Кој е тој сериозен инвеститор кој има вишок на средства да инвестира во обврзница за чие издавање не се исполнети ниту основните формално правни предуслови. При постоење на закон за влада, намерата беше да се издаде еврообрзница без потписот на дополнителниот заменик министер за финансии! Емитентот на обрзницата поверува дека ќе им подметне на инвеститорите хартија од вредност за која зелено светло нема дадено Министерството за правда! Не дека Министерството немаше тоа да го стори, но тоа е законска обрска и исклучително битен формално правен чин, посебно во услови кога целата постапка е проследена со укажувања за нејзината општествено- економска неоправданост.
И кога на сите овие аномалии укажуваше експертската јавност и опозицијата, која впрочем и најави дека долгот ќе биде отповикан доколку дојде на власт, за што секако постојат правни предуслови, очигледно не можеа да не реагират и потенцијалните инвеститори од типот на „Сити Банк”, „Дојче Банк”, „Ерсте Груп“, „ Сосиете Женерал” и да не му свртат грб на човекот кој за да ја заштити сопствената кожа, планираше дополнително да го дозаглави сопствениот народ.
Текстот во целост прчитај го ТУКА.