Два пати неделно со „Визер“ од Скопје до Хановер
Објавено на 19 јули, 2016 во 12:52
Два пати неделно од Скопскиот аеродром со „Визер“ ќе може да летате до Хановер.
Почнувајќи од 1 октомври ниско буџетната компанија ќе сообраќа на оваа нова линија во вторник и сабота со билети кои ќе имаат цена од 1,199 денари.
Надлежните веруваат дека и оваа нова дестинација ќе биде исто толку популарна како и другите 21 со кои оперираат во македонската мрежа.
„Визер“ од македонските аеродроми лета до 24 дестинации кон 11 земји а поврзува 115 дестинации низ 38 земји. ¬
Хановер e главeн град на сојузната покраина Долна Саксонија и е важен трговски и фестовалски центар, познат по Октоберфест Хановер.
Извор: Фактор