Расте цената на нафтата,горивата се поскапи
Во 2017-та година просечната цена на нафтата ќе биде 55 долари за барел, покажува обновената прогноза на Светската банка. Институцијата очекуваше цена од 53 долари за барел, но ја промени прогнозата по сигналите дека „ОПЕК“ планира да го ограничи производството на нафта.
Во 2016-та година просечната цена на нафтата ќе биде околу 43 долари за барел, е запишано во извештајот.
Во следната година цените на енергетските ресурси – нафта, гас и јаглен, ќе се зголемат за 25% во следната година. Во јули прогнозата беше за зголемување на енергетските цени, но во потесни граници.
„Сепак има значителна неизвесност околу изгледите, а ги очекуваме деталите и извршувањето на договорот на „ОПЕК“, кој, ако биде исполнет, несомнено ќе влијае на нафтените пазари“, пишува во прогнозата на Светска банка.