Фактор: Што ќе соопшти гувернерот Богоев денеска?
Денеска, Народната банка ќе ја објави новата ревизија на макроекономските показатели за оваа, но и за следната 2017 година.
“Се работи за редовна ревизија на макроекономските показатели, која вообичаено се спроведува во овој период од годината. Ова е втора ревизија направена во текот на 2016 година, што е исто така вообичаена пракса“ – изјавија од Народната банка.
Не сакаат да коментираат дали ќе има надолна или нагорнa корекција на стапката на економски раст за 2016 година и за 2017 година. Неофицијално, во ноемвриска ревизија на економските проекции на внатрешен план, ќе биде нотиран ризикот од внатрешно политичката криза и неговото влијание врз стапките на раст на Бруто домашниот производ. Вообичаеното, проекциите ги опфаќаат и надворешните ризици, односно очкеувањата за глобалниот економски раст, движењата во Европа и опкружувањето. Во денешните нови ревидирани макроекономски показатели, се очекува и прогноза за инфлацијата, која според аплиската прогноза, имаше надолна корекција од 1,5 на 0,5%.
При последната објавена ревизија, Народната банка обзнани две сценарија за очекувањата во економијaта. Според основното, растот за годинава беше проекцитран на 3,5 отсто а во 2017 на ниво од 4%. Но пред седум емсеци, НБМ излезе и со алтренативно сценарио.
“Зарадивлошувањето на политичкиот амбиент во последните фази од проекциите и првични преносни ефекти врз довербата и очекувањата на економските субјекти, се изработи алтернативно макроекономско сценарио коешто претпоставува продолжување на политичката нестабилност до крајот на годината“ – наведено е во априлската проекција.
Според ова алтернативно сценаро, растот годинава ќе изнесува 1,6 отсто додека за догодина е проектиран на 3,8%. Не е исклучено и при новата ревизија, да се обзнанат две сценарија.
Извор: Фактор