Ново задолжување вредно 31,7 милиони евра
Прво задолжување годинава. Владата денеска од домашните кредитори ќе побара 31 милион и 700 илјади евра.
Парите ќе ги обезбеди преку аукција на државни харти од вредност. Сумата што деенска ќе биде позајмена ќе треба да се врати со темпо од една, две и 15 години. Веќе во среда по основ на досепани долгови државата ќе врати 15 милиони евра.
Од Социјал-демократскиот сојуз побараа од министерот за финансии кирил миновски да објасни за што ќе се искористат парите од новото задолжување и зошто се побаруваат 15 милиони евра повеќе од доспеаните обврски.
Од ВМРО-ДПМНЕ возвратија со оглед дека СДСМ пропагира аранжман со фондот, што инаку значи ново задолжување, зошто тогаш не го удостојат нивното мислење и признаат дека нивото на долг е умерено се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
Според последните објавени податоци од министерството за финансии заклучно со третиот квартал од 2016-та година јавниот долг достигна скоро 4,7 милијарди евра или 50,6% од бруто домашниот производ, што претставува рекордно измерено ниво на јавен долг.
Извор: Локално