Фунтата драстично ја губи вредноста
Објавено на 9 јуни, 2017 во 08:17
Британската фунта забележала нагло паѓање по објавувањето на првите резултати по излегувањето од избирачките места според кои Конзервативците нема да освојат мнозинство.
Вредноста на фунтата падна за повеќе од два центи во однос на доларот, од 1.2955 на 1.2752 долари.
Некои инвеститори стравуваат дека, ако Конзерватицвите не освојат мнозинство, тоа би ја ослабнало силата на наредната влада во престојните преговори за излез од ЕУ.