Поскапуваат цигарите од 1 јули
Објавено на 30 јуни, 2017 во 09:20
На почетокот на идниот месец се очекува нов ценовен шок врз џебот на граѓаните. Имено, се очекува да поскапат цигарите за околу 4 денари.
Од 1 јули 2016 до 1 јули 2023 година акцизната спатка на цигарите ќе се зголемува за 0.20 денари за цигара секоја година.
Поради тоа, на почетокот на месецот што следи цигарите ќе поскапат за 4 денари.
Со ваквиот тренд на покачување на цената, до 2023 година се очекува кутија цигари да поскапи за 40 денари.