Владата ќе го поништи тендерот за гасификација
Владата ќе го поништи тендерот за гасификација на Македонија. Како што велат од таму, пристигната е само една понуда и согласно законот, постапката ќе биде поништена. За да може да продолжи процесот на гасификација на последната Владина седница поради оставка на претходниот претседател на Комисијата за тендерски постапки, како привремено решение на таа функција е назначен Љупчо Петкуќески, кој е советник на вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев.
„Именувањето е времено решение со единствена работна задача да се финализира тендерската постапка. Владата на Република Македонија, на вчерашната седница ја разгледа и усвои информација за тендерската постапка за доделување договори за јавно приватно партнерство за финансирање, оддржување и развивање на дистрибутивен систем на природен гас во региони 1, 2, 3.“ – соопштија од Влада на РМ
Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев од Трст порача дека Владата посветено ќе работи на гасифицирање на Македонија.
„Ќе работиме на создавање на бизнис-амбиент за здрави и успешни компании, а не да се создаваат политички компании од страна на власта. Изградбата на инфраструктурата ќе ни биде приоритет, ќе работиме на изградба на патна инфраструктура и на гасификација на земјава, а токму преку инфраструктурата ќе докажеме дека сме силно посветени на регионално поврзување.“ – изјави Кочо Анѓушев – вицепремиер за еконосмски прашања
Инаку, гасификацијата на земјва се најавува неколку години наназад и никако да се реализира. Во минатото исто како и сега, неколку пати по ред пропаѓаа тендерите за гасификација на скопско и за останатите региони на земајава. Во фаза на евалуација беше запрен и петтиот тендер за гасификација на скопскиот регион заради тоа што избраната фирма бараше пролонгирање на терминот. Заради понуда од една фирма пропадна и тендерот за изградба на дистрибутивна мрежа во 63 општини од Источна, централна и западна Македонија. Изградба на гасификацијата за централна и источна Македонија беше предвидено да се потрошат околу 28 милиони евра, а за западниот дел на земјва заедно со Пелагонија 23 милиони евра. Дистрибутивната мрежа требаше да биде градена со Јавно – приватно партнерство.
Извор: Алсат-М