Владата ќе дава субвенција за годишен одмор за работници со ниски примања
Владата ја разгледа и усвои Анализата на структурата на портфолиото на јавниот долг и каматните трошоци.
На седницата, како што соопшти владината прес- служба, усвоена е информацијата дека во изминатиот период Владата повеќе се раздолжува, отколку што се задолжува и оти каматите на новите задолжувања се пониски од каматите со кои претходно биле задолжувани граѓаните.
Владата ја усвои и постапката со која се операционализира мерката за поддршка на домашен туризам за работници со ниски приходи, за која се обезбедени финансиски средства со ребалансот на буџетот за 2017 година.
„Со оваа мерка Владата ја продолжува туристичката сезона и обезбедува субвенции за работници со ниски приходи. Министерството за економија е задолжено за реализација на оваа мерка, а право на неа ќе имаат граѓаните, односно семејствата со приходи до 22 илјади денари“, соопшти Владата.