Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

– Грција и понуди на Србија да учествува во изградбата и да биде сопственик на дел од идниот терминал за течен природен гас, кој ќе се гради во грчкото пристаниште Александрополис.

Според „Вечерње новости“, се работи терминал што се наоѓа на 14,5 километри оддалеченост од делтата на Марица, на само 30 километри од границата со Турција и околу 300 километри од Солун.

Грција и нуди на Србија да биде сопственик на 20 отсто од терминалот, колку би имале и грчка компанија за гас ДЕПА и „Бугарски енергетски холдинг“ (БЕХ), додека остатокот би го добиле приватните компании.

Течниот природен гас до пристаништето Александрополис би се доставувал со бродови, потоа би се транспортирал до терминалот каде би се претворал во гас и така би се транспортирал натаму.

Се предвидува капацитетот на складиштето да биде 170.000 кубни метри со годишен проток од дури 6,1 милијарди кубни метри гас.

Од тој терминал гасоводот води до грчкото пристаниште Комотини, а потоа преку цевки до бугарскиот град Стара Загора, од каде ќе продолжува до Димитровград, па понатаму до Ниш, каде би се изградил српски терминал.
„Вечерње новости“ истакнува дека Србија за изградба на терминалот може да се надева на средства од европските грантови, бидејќи проектот е во согласност со заклучоците на Европскиот проект за заеднички интереси, што е еден од приоритетите за развој на енергетскиот инфраструктурен проект на ЕУ, што претходно беше усогласен со Грција и Бугарија.

 

Поврзани вести

 

Вчера и денеска во ЈКП Дервен се испита причината за краткиот прекин на испорака на вода на ЈЗУ Болница – Велес на ден 20.02.2018 година.

Утврдено е дека екипа на Сектор Водовод работела на замена на вентил на ул. Љубљанска, поради што морале да го затворат вентилот на линијата од која од оваа страна се снабдува со вода болницата.

Но, лицето кое го затворило вентилот заради активностите на ул. Љубљанска, со крајна небрежност истото го сторило без да провери дека вентилот од втората доводна линија од страната на Којник бил исто така затворен, а што морал да го стори пред да го затвори вентилот од првата доводна линија. На овој начин ги затворил двата вентила од двете доводни линии и предзвикал краток прекин на водоснабдувањето во болницата во времетраење од 10-15 минути, по што било интервенирано и воспоставено нормално водоснабдување.

Како резултат на горенаведеното, во ЈКП Дервен во тек е постапка за утврдување на дисциплинска одговорност на соодветно лице, кон кое ќе бидат преземени строги дисциплински мерки.

Значи, не станува збор за намерно исклучување на водата на болницата, или исклучување со дадена наредба, бидејќи за тоа нема причини.

Реакциите на јавноста се оправдани и очекувани. Сепак, коментарите на социјалните мрежи кои имаат намера да прикажат пред јавноста дека наведениот проблем е намерено предизвикан, смислен и сл. и дека некој сака свесно да предизвика проблем се неточни и злонамерни.

Со почит,
ЈКП Дервен

Најново