Лани Германија имала 44,3 милиони вработени
Објавено на 4 јануари, 2018 во 09:43
Бројот на невработени во Германија во декември е намален за 183.000 лица на годишно ниво. Цела 2017 година е завршена со рекордна вработеност од 44,3 милиони вработени лица.
Стапката на невработеност во декември изнесувала 5,3 отсто, исто како и во ноември, покажуват податоците на германската Национална агенција за вработување.
Бројот на невработени во декември на месечно ниво, пораснал за 17.000 на вкупно 2,3 милиони.