Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Државниот долг на крајот на 2017 година е понизок за 1 процентен поен, а јавниот долг е понизок за 1,7 процентни поени, споредено со крајот на 2016 година, објави Министерството за финансии.
Ова, според МФ, е прво годишно намалување на државниот и јавниот долг од 2009 година.

Според податоците на Министерство, на крајот од 2017 година државниот долг изнесувал 38,7 од Бруто домашниот производ (БДП), додека јавниот долг изнесува 46,7 проценти од БДП.

– Во однос на третиот квартал на 2017 година, се забележува зголемување кај државниот долг за 0,8 процентни поени и кај јавниот долг за 0,9 процентни поени – се наведува во соопштението на Министерството за финансии.

Поврзани вести

Web banner Hit Portal Sinalco IceTea 2018 300x250px 01

 

Најново