Биткоинот полека исчезнува
Објавено на 6 февруари, 2018 во 08:57
Дигиталната валута биткоин доживеа нов удар откако поединечни банки забранија негово купување со кредитни картички.
Тоа доведе до нов пад на криптовалутата и тоа под 6.000 долари по единица.
Последната рестрикција која во понеделникот дојде од страна на банките само ги поплни негативните случувања кои доведоа биткоинот да се сведе на помалку од третина од највисоката достигната вредност кон крајот на минатата година.
Биткоинот рекордот од 19.511 долари го забалежа на 18 декември.