Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Влегува во владина процедура законот за пријавување и евиденција на обврските преку кој ќе се регулира обврската сите оние кои располагаат со јавни средства, да ги пријавуваат своите долгови, најави денеска министерот за финансии Драган Тевдовски.

- Деновиве во владина процедура ќе влезе Законот за пријавување и евиденција на обврски. Овој закон ќе овозможи обезбедување на транспарентноста и јакнење на одговорноста при располагање со јавни средства преку целокупно евидентирање на преземени, доспеани и неплатени обврски во соодветен електронски систем од страна на сите органи на државната власт, јавните установи и институциите и единиците на локалната самоуправа. Така ќе имаме целосен увид во заостанатите обврски на сите овие субјекти, што е основен предуслов за систематско спречување на повторување на овој проблем во иднина - појасни Тевдовски на потпишувањето на договорот за меморандум за разбирање меѓу шест општини во рамки на проектот „Зајакнување на општинските совети - фаза на имплементација".

Со оваа обврска ќе се избегне натрупување на неевидентираните долгови како во минатото и Владата ќе има целосен увид во сите преземени, доспеани и неплатени обврски од страна на органите на државната власт, јавните установи, фондовите и општините.
Од Министерството за финансии информираат дека во завршна фаза е и изработката на софтвер во којшто сите институции редовно ќе ги пополнуваат податоците преку веб-апликација. Откако Собранието ќе даде поддршка на Законот, софтверот брзо ќе биде ставен во функција. Како што истакнуваат од ресорното Министерство, покрај целосната транспарентност во поглед на трошењето на јавните пари во иднина, ваквото решение ќе придонесе и за поголема одговорност и спречување на натрупување на долгови кај институциите во иднина.

Минатата година од страна на Министерството за финансии е направено истражување за да се утврди колку точно стари неисплатени долгови имаат државните институции, фондовите, јавните претпријатија и општините. Притоа е утврдено дека до 31 мај лани заостанатите долгови се во висина од 22 милијарди денари.

На денешниот настан, министерот Тевдовски посочи дека и годинава во Буџетот за 2018 се предвидени значително повеќе средства за општините, што треба да овозможи редовно да ги вршат своите функции и паралелно да започнат да го намалуваат износот на неплатени долгови од минатото.

Поврзани вести

Web banner Duma Sinalco Nagradna Igra 300x250px

 

Најново

 
   
   
   
   

rontis

 

Швајцарската мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала РОНТИС, заради зголемување на својот постоечки капацитет во фабриката во Велес, има потреба да вработи:

30 (триесет) Оператори во производство

Кандидатите треба да ги поседуваат следните квалификации:

 ССС
 Со или без работно искуство

Локација : Република Македонија – Велес

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес не врши дискриминација по ниту еден основ (полова, верска или национална дискриминација) и ги охрабрува сите заинтересирани кандидати да аплицираат.

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со фотографија на infomk@rontis.com или на адреса: ДПТ РОНТИС ДООЕЛ с. Долно Оризари бб, Велес 1400 (со назнака за Оператор ), најдоцна до 05/11/2018 година.